Формирање меѓународна комисија на експерти е предвидено со Договорот од Преспа и како таква ќе се промовира, пишува денешното издание на грчкиот весник „Катимерини“.
Весникот се повикува на надлежни извори, во однос на отворената дискусија откако Грција го промовираше слоганот и логото за производите од северниот дел на земјата под етикетата „Macedonia the Great“, јави дописничката на МИА од Атина.
Истите извори посочија дека премиерот Киријакос Мицотакис јавно најави формирање на меѓународна комисија за оваа цел. Во секој случај, прашањето за трговските имиња е особено сложени прашање и ќе биде потребно време, но и активно вклучување компаниите, пишува „Катимерини“.
Весникот објаснува дека дискусијата почнала во неделата кога, „Министерството за надворешни работи на С. Македонија издаде соопштение во кое ја обвини грчката влада за еднострани активности“ за кампањата „Macedonia the Great“.
Паралелно, „Катимерини“ пренесува и дел од ставот на нашето МНР за Радио Слободна Европа, но и дел од вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев.