Како што пишува порталот Нетпрес, обвинетиот за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 Јане Ченто, вчера откако се пријавил вкрстено да го испрашува сведокот Петре Шилегов му рекол:
Господине Шилегов, јас сум внук на првиот претседател на АСНОМ, колку да расчистиме кој е фашист, а кој не”, откако претходно, Шилегов, одговарајќи на друго вкрстено прашање, рече дека нападот на Собранието бил „организиран политички облик на фашизам.
Шилегов, пишува Нетпрес, потоа му одговори на Јане Ченто: „Од секоја здрава семка не излегува здрав плод”, по што Ченто му реплицирал: „Крушата под круша паѓа”.
По ова, според Нетпрес, судијката Добрила Кацарска ги прекинала и го прекорила сведокот Шилегов.
Господине Шилегов, како пратеник имате заштита и можете да зборувате сѐ што сакате и да навредувате. Но, ова не е Собрание, сите имаат подеднаков третман. Не навредувајте и внимавајте како се обраќате, му рече Кацарска на градоначалникот на Скопје кој за време на организираниот напад на Собранието лани беше пратеник.