Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар е казнет поради удирање на навивач на Рен по финалето на францускиот куп.

Бразилецот се изнервира откако го изгубил финалето (2:2, 5:6). Дисквалификацијата ќе биде три натпревари плус два условно, а со тоа и сезоната за Нејмар е завршена предвреме.

Претходно, Нејмар беше исто така дисквалификуван три натпревари во евро-куповите за навреда на судијата на натпреварот против Манчестер јунајтед (1:3).

Нејмар поднесе жалба против оваа одлука на УЕФА, а исто така планира да ја оспори дисквалификацијата од Француската федерација.

Во тековната сезона, Нејмар настапи на 27 натпревари и постигна 22 гола.