Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Сами Кедира откри дека Жозе Мурињо е најдобриот тренер со кој работел во досегашната кариера. Двајцата беа заедно во Реал Мадрид.

– Имав одлични тренери во мојата кариера. Научив многу од секој од нив. Дури и ако не ми се допадна нешто за тоа како некој работел, секогаш наоѓав начин да најдам позитивни нешта. Бев најимпресиониран од Жозе Мурињо. Во 2010 година се преселив од Штутгарт во Реал Мадрид и таму тој ме научи многу работи на технички план. Тој веруваше во мене и ме разви како личност. Ние сè уште одржуваме во контакт и имаме одлична врска, призна Кедира.