Селекторот на Голден стејт, Стив Кер, ја коментираше повредата на Стеф Кари на натпреварот против Феникс (110:121).

Првата ѕвезда на Голден стејт ја скрши левата рака.

– Ова е многу тежок почеток на сезоната за нас на многу нивоа. Ќе се обидеме да се адаптираме на ново настаната ситуација. Повредата на Кари во голема мера комплицира сè. Ние ќе ја процениме ситуацијата и ќе видиме што да правиме понатаму, изјави Кер.

Предводникот на Голден стејт соопшти дека по натпреварот, играчот кој го повреди Кари, Арон Бејнс дојде во тимот и се распрашуваше како е Стеф.

– Беше случајна повреда. Тоа се случува, додаде Кер.

Голден стејт по четири одиграни натпревари од почетокот на сезоната има три порази и само една победа.