Македонскиот ракометен репрезентативец и капитен на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов реагира на енормното загадување на воздухот, кога зимата се уште не е дојдена и сме на почетокот од критичната сезона.

Стоилов во пост на Фејсбук ги потсетува властите дека и нивните деца го дишат истиот загаден воздух, алудирајќи дека треба да преземат итни мерки затоа што со канцерогениот воздух се загрозуваат животите на сите, особено на децата.