Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека неговата земја е подготвена за конструктивни преговори со Русија, под услов Москва да го направи првиот чекор.
– Украина е подготвена за конструктивни преговори, но никој нема да врши притисок врз нас, никој нема да не принуди на ништо, бидејќи Украина веќе направи доволно за мир. Русија сега треба да направи чекор, рече тој.
Кулеба додаде дека Русија е таа што сега мора да направи отстапки, јави денеска ТАСС.
– Нашата цел – и ние тоа искрено им го кажуваме на нашите партнери – е да ја принудиме Русија да направи отстапки, дојде време таа да направи отстапки и да го покаже својот вистински интерес за постигнување мир, рече тој.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно во неколку наврати изјави дека Русија не е страна во конфликтот во источна Украина.