Украинскиот пратеник и член на делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Олексеј Гончаренко, во однос на актуелните случувања меѓу Србија и Косово, на неговиот профил на Твитер порача дека Укараина е подготвена да го брани Косово ако биде нападнато од страна на српските сили.

– Ако Србија го нападне Косово, ние треба да ги браниме Косовците. Украина е подготвена да реагира со своите војници на терен, наведувајќи дека „Србија се обидува да започне агресивна војна, исто како Путин“.

„Како што реков, Србија е „тројанскиот коњ“ на Путин во Европа“, пишува тој.

На неговата изјава реагираше Ричард Гренел, поранешен американски функционер и познавач на приликите на Балканот, кој кратко му одговори:

– Ти си луд.