Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон треба да ја разгледа опцијата за промена на полот како мерка на промовирање за идното вработување, напиша портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Овој коментира на Захарова следи по објавата дека Џонсон нема да може да стане генерален секретар на НАТО, бидејќи Алијансата сака да види жена на таа позиција (веројатно актуелната естонска премиерка Каја Калас).

– Па, не знам. Најпрво, ништо не го спречува Борис Џонсон одеднаш да открие жена во себе. Модерна и дрска, во негов стил, напиша Захарова на Телеграм.

Освен ова, Џонсон може да го избере било кој од половите „сега прифатени во земјите на НАТО“, додава портпаролката на руското МНР.

Според Захарова дури и ако земјите од Алијансата го изберат генералниот секретар „од луѓе кои себеси се нарекуваат жени, секогаш постои можноста одеднаш тие во себе да откријат маж или некој друг пол“.