Русија распореди мобилни ракетни системи „Искандер“ на бојното поле на 60 километри од украинската граница, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина.
– Непријателот го зголеми бројот на војници во регионот на Белгород со префрлање и концентрирање на дополнителни единици, соопштија украинските вооружени сили во нивното дневно утринско ажурирање.
– Според достапните информации, лансерите Искандер-М се наоѓаат на 60 километри од границата со Украина, се наведува, без да се наведат повеќе детали за локацијата на системот.
Нема потврда или демант на овие извештаи од Москва, ниту можат да се проверат од независен извор.
Белгород е град и административен центар на руската област Белгород, северно од границата со Украина.
Искандер, мобилен балистички ракетен систем со кодно име SS-26 Stone, го замени советскиот проектил Scud. Неговите две наведувани ракети имаат дострел до 500 километри и можат да носат конвенционални или нуклеарни боеви глави.
Русија во петокот соопшти дека сака да ја контролира цела јужна Украина. Киев рече дека ова покажува дека Москва има пошироки цели од нејзината декларирана цел за демилитаризација и денацификација на земјата.