Сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Кичево кај село Врбјани се пренасочува по новиот пат.

Причината за пренасочувањето е сообраќајна незгода.

Сообраќајката се случила околу 19 и 30 часот. Според извештаите на медиумите, станува збор за судар на три возила, а било забележено едно тело на лице за кое се смета дека починало, бидејќи било целосно е прекриено.

Исто така, на лице место се забележани две возила на погребно претпријатие.

На местото на настанот имало повеќе возила на брза помош.

Патници кои се нашле во колоната, преку ФБ предупредуваат да не се тргнува на пат, туку да се почека.

Најновата објава на МИА во врска со овој настан гласи:

Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево, во близина на село Врбјани.

Според првичните информации потврдени од полицијата, незгодата се случила околу 18:20 часот, при директен судар на две патнички возила марка „Фолксваген голф“ и „Тојота“, при што смртно настрадал возачот на „голфот“.

Сообраќајот на тој дел од магистралниот пат се одвива со пренасочување по делниците од автопатот во изградба.