Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше успешното пробно тестирање на новото тактичко оружје, важно за подобрување на ефикасноста на тактичките нуклеарни операции, објавија севернокорејските државни медиуми.

– Новиот систем на оружје е од големо значење за драстично подобрување на огнената моќ на артилериските единици со долг дострел на линијата на фронтот и зголемување на ефикасноста на тактичкото нуклеарно оружје на Северна Кореја и диверзификација на нивните мисии за огнена моќ, соопшти официјалната Корејска централна нова агенција (КЦНА), пренесе Јонхап.

Севернокорејските медиуми објавија дека тестирањето е успешно извршено.

За време на инспекцијата, Ким дал важни упатства за натамошно градење на одбранбените способности и нуклеарните борбени сили на земјата.

КЦНА не соопшти други детали за тестираното оружје.