Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во новогодишното обраќање, што го пренесуваше севернокорејската телевизија, изјави дека во целост е посветен на денуклеаризација и оти е подготвен во кое било време да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
Но, во исто време предупреди дека ќе бара алтернатиевн правец доколку САД продолжат да го тестираат неговото трпение и ги остават во сила санкциите кон Северна Кореја.
Ким упати апел до САД да преземат соодветни мерки во замена за преземените чекори од страна на Северна Кореја за денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.
Севернокорејскиот лидер наведе и дека САД треба да ги прекинат заедничките воени вежби со Сеул и да не расопоредуваат стратешки воени средства во Јужна Кореја.
Ким и Трамп се сретнаа на 12 јуни минатата година во Сингапур при што договорија денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, но преговорите помеѓу Вашингтон и Пјонгјанг со месеци се во застој.