Најмалку 15 лица загинаа, а 44 се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу шлепер и 30 возила, што се случи на автопатот во севернозападната кинеска провинција Гансу.

Како што пренесуваат кинеските медиуми, шлеперот изгубил контрола и удрил во редица возила на наплатната рампа на автопатот, во близина на провинцискиот главен град  Ланжу.

Во тек е истрага за несреќата.