Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го повика својот ирански колега Абас Арагчи да вложи напори за враќање на нормалната пловидба низ Ормуската Теснина, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи по телефонскиот разговор меѓу двајцата претставници.
Ванг рече дека суверенитетот и безбедноста на Иран во Ормуската Теснина треба да се почитуваат и заштитат, но додаде дека слободата и безбедноста на пловидбата низ водниот пат исто така мора да бидат гарантирани.
Според него, враќањето на нормалниот сообраќај низ теснинатан е заеднички интерес на меѓународната заедница.
Кинескиот министер оцени дека ситуацијата е во „критична“ фаза на промени и дека се отвора „прозорец за мир“.
Ванг нагласи дека Кина го поддржува одржувањето на прекинот на огнот и продолжувањето на преговорите, наведувајќи дека тие се во интерес на Иран, регионот и светот.
Тој додаде дека Кина е подготвена да продолжи да вложува напори за ублажување на ситуацијата и поттикнување на подобрување на односите меѓу земјите во регионот




