Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска во Пекинг изјави дека Кина ќе продолжи да ја продлабочува стратешката соработка со Русија.
– Кина и Русија ќе го задржат својот стратешки фокус и ќе продолжат да го продлабочуваат кинеско-руското сеопфатно стратешко партнерство за нова ера, истакна Ванг на прес-конференција.
Тој, исто така, нагласи дека Кина сака да продолжи да игра конструктивна улога во поттикнувањето на руско-украинските преговори.