Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека неговата земја ќе понуди 1,5 милијарди долари за развојна помош на Здружението на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) во следните три години, јави ДПА.

Финансиската помош е со цел да им се помогне на земјите од АСЕАН во борбата против епидемијата и за обнова на националните економии, изјави денеска Си за време на виртуелниот состанок со шефовите на држави и влади од АСЕАН.

Тој, исто така, рече дека Кина ќе донира 150 милиони дози вакцина против Ковид-19.

Си истакна дека не продолжува со политиката на моќ, и покрај акциите на поморските сили на земјата во Јужното Кинеско Море, каде што има неколку територијални спорови со соседите, јави ДПА.

– Кина сака мирно да се сложува со своите соседи и да работи заедно на одржување на „траен мир во регионот, никогаш не барајќи хегемонија, рече Си за време на денешниот онлајн состанокот со шефовите на држави и влади од АСЕАН.

Неодамна, имаше обновени инциденти со членките на АСЕАН Филипини, Малезија и Виетнам во поморските области. Кина го смета речиси цело Јужно Кинеско Море како своја територија и изгради вештачки острови со капацитети за воени капацитети во областа.

Освен Филипините, претензии за областа, за која се верува дека е богата со природни ресурси, имаат и Виетнам, Малезија, Брунеи и Тајван.

Во 2016 година, Филипините го добија арбитражниот случај против Кина во меѓународниот трибунал поради нејзините експанзивни барања во Јужното Кинеско Море. Пекинг одби да ја прифати пресудата.