Кинеските власти соопштија дека од 2014 година, во исламскиот регион Синџијанг биле уапсени речиси 13.000 терористи, а стотици „терористички банди” се разбиени.

Тие податоци се наоѓаат во денешниот извештај на Владата на Пекинг за ситуацијата во проблематичната област во североисточниот дел на Кина.

Извештајот се обидува да одговори на зголемената критика од светот за затворањето на милион членови на ујгурската етничка група и другите главни муслимански етнички групи.
Кина ги нарекува камповите во кои се сместени тие како центри за обука за занаетчии и тврдат дека учеството е доброволно.

Во извештајот, исто така, се наведува за „законски заснована дерадикализација” во Синџијанг.

Во него се нагласува дека од 2014 година во Синџијанг се уништени 1.588 насилни и терористички банди, уаспени 12.995 терористи, запленети 2.052 експлозивни средства, 30.645 лица осудени поради 4.858 нелегални верски активности и конфискувани 345.229 парчиња нелегален религиозен материјал.