Кинеската економија во првиот квартал од годината забележа стабилна стапка на раст од 6,4 отсто на годишно ниво.

Растот е благодарение на големиот скок на индустриското производство и сигналите за подобрување на побарувачката.

Кина иста стапка на раст имаше и во последното тримесечје од минатата година.

Според кинеското Национално биро за статистика кварталниот раст е потпомогнат од индустриското производство за 8,5 проценти во март на годишно ниво, што е најбрзо темпо на раст во последните 4,5 години.

Во март забележан е пораст за 8,7 отсто на малопродажбата, а претходниот месец изнесувала 8,2.

Во првиот квартал забележан е пораст и во инвестициите на недвижен имот до 11,8 проценти.