По убиството на иранскиот генерал Касем Сулејман во американскиот напад во Ирак, Кина денеска соопшти дека доследно се спротивставува на употребата на сила во меѓународните односи и сите инволвирани страни ги повика на воздржаност.

„Кина ги повика релевенатните страни, особено САД, да останат мирни и да покажат воздржаност за да се избегне натамошна есклација на тензиите“, изјави денеска Џенг Шуанг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи на прес конференција во Пекинг.

Тој додаде дека мирот и стабилноста во регионот мора да се зачуваат, пренесоа британските медиуми.

Во воздушен напад изведен утринава од американски авиони во Ирак е убиен генерал-мајорот Касем Сулејман, командант на елитната единица Кудс, на иранската Револуционерна гарда.