Загинаа 18 лица, а 19 се повредени во пожарот што избувна рано утрово во хотел во градот Харбин во североисточниот дел на Кина, соопштија локалните власти.

Причина за пожарот се истражува, соопшти Бирото за информирање во Харбин.

Кинеската државна телевизија ЦЦТВ јави дека пожарот избувнал во 4:36 часот изутрина според локално време, во четирикатната зграда и уништил површина од околу 400 метри квадратни, пред да биде изгаснат.

Кина има проблематична репутација кога станува збор за почитување на прописите за безбедност во зградите.

Градските власти на Пекинг покрена 40-дневна „специјална операција“ за истрага на кршењето на правилата за безбедност, откако во пожар во стамбена зграда во главниот град на Кина, во ноември лани, загинаа 19 лица, пренесува агенцијата Ројтерс.