Белгискиот центар за кибер безбедност не пронашол докази кои упатуваат на тоа дека кинескиот телегомуникациски гигант Хуавеи продавал опрема која би можела да се користи за шпуионажа, соопшти денеска портпаролката на Центарот.

Агенцијата, која го известува белгискиот премиер, беше задолжена за анализа на потенцијалните закани во уредите на Хуавеи, кој ги опремува белгиските мобилни оператори Проксимус, Оранџ Белгиум и Теленет.

-Досега не пронајдовме технички показатели кои укажуваат во насока на шпионска закана, изјави портпаролката на Агенцијата. Таа дополни дека се уште не го предале конечниот извештај и оти ќе продолжат со анализите.

Кинеската фирма Хуавеи е предмет на кампањата против неа која ја води Вашингтон, кој и забрани пристап до 5Г мрежите поради загриженост дека е поврзана со кинеската Влада. САД, исто така, во неколку наврати побара и другите западни земја да ја блокираат технологијата на таа фирма.