Кинескиот ровер „Јуту-2“ на темната страна на Месечината забележа необична густа материја што има форма на гел, и по боја, состав и густина се разликува од останатите материи на нашиот природен сателит, пренесе „Скај њуз“.
Возилото-робот е составен дел од кинеската мисија Чаное-4, чиј вселенски брод слета на Месечината на 3 јануари годинава. Роверот веќе 18 недели испраќа податоци до базите на Земјата.
Врз основа на снимките, кинеските научници откриваат дека „површината на темната страна на Месечината е многу поразлична отколку што се претпоставуваше“, истакнува кинескиот астроном Јуј Тијани.
„Јуту-2“ е првиот робот во историјата кој слета на досега неистражената страна на Месечината.