Мирна, достоинствена и демократска кампања, најави денеска Александар Кирацовски, шеф на Изборниот штаб на кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски откако до ДИК и официјално ја достави кандидатурата за претстојните претседателски избори, со 32.000 потписи од граѓани.

– Стево Пендаровски и сите ние несомнено влегуваме како фаворити за претседател на нашата држава. Ве уверувам како шеф на Иборниот штаб дека ќе имаме мирна, достоинствена кампања која ќе го отсликува нашето демократско општество, рече Кирацовски и ги повика сите политички партии заедно да водат соодветна европска кампања која на површина ќе го извади најдоброто од сите.

Кандидатурата на Пендаровски, како што појасни генералниот секретар на СДСМ, е поднесена само со потписи од граѓани со оглед на тоа дека ДИК дава можност тоа да се стори на таков начин или со потписи од пратеници.

-Се определивме за онаа форма која според нас има поголема тежина, а тоа е поднесокот на 32.000 потписи за поддршка на Стево Пендаровски, појасни Кирацовски.

Освен класичните средби со граѓани, митинзи, дебати, Кирацовски најави и активирање на социјалните медиуми и сите форми на претставување кои се користат во новото време за најдобра презентација на нивниот кандидат.

-Горди сме што за само еден ден со свој  личен потпис огромен бгрој граѓани застанаа зад оваа кандидатура. Несомено кажано оваа кандидатура на Стево Пендаровски е избор на сите граѓани на Република Северна Македонија. Стево е избор на претседател за сите граѓани, за сигурна, стабилна, безбедна и напредна Република Северна Македонија. На граѓаните и на нашата држава им е потребен претседател кој пред се обединува, кој работи чесно и професионално и кој ги штити интересите на граѓаните и на државата, порача Кирацоски и додаде тоа е Пендаровски кој ќе ја води државата напрд којн ЕУ и ќе го гради концептот на едно општество за сите, рече Кирацовски.

Веднаш по поднесувањето на кандидатурата на Пендаровски, во ДИК пристигнаа и претставници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да ја достават кандидатурата на нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова.

Рокот  за поднесување на кандидатурите истекуива до денеска на полноќ, а претходно веќе кандидатурата ја поднесе кандидатот на албанската опозиција Блерим Река.