До мене како член на Советот на Град Скопје, но и како човек кој е ЗОО активист и ја следи, сака Скопската Зоолошка градина денес пристигна молба од вработените во оваа установа и барање за реакција и помош, вели Стефан Кирков, советник во Град Скопје.
-Истите известуваат дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и од тогаш немаат никакво примање. Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам, Велигден на праг е и 1-ви Мај, а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност! Често барам одговорност, но овој пат изгледа ќе треба да побарам и протести пред оваа установа која го допре дното во секоја смисла! Град Скопје , Данела Арсовска , Зоран Попов…?! – напиша Кирков.