Ликот на Никола Тесла, светски познат научник со потекло од Хрватска, ќе се најде, според сегашниот концепт, на хрватските евро-монети од 50, 20 и 10 центи, а предлозите се да има и шаховница, карта на Хрватска, куна и глаголица.

Премиерот Андеј Пленковиќ изјави денес дека тоа се предлози што се појавија.

 

 

– Концептот би бил шаховница како основа на сите монети, па карта на Хрватска на монетата од две евра, куни на едно евро, 50, 20, 10 центи со ликот на Никола Тесла и пет, два и еден цен со глаголица, на кои треба да се напише HR – рече Пленковиќ по состанокот на тесниот кабинет на владата, објавија хрватските медиуми.

Хрватската народна банка наведува дека основните критериуми за избор биле прифатливоста на мотивите пред пошироката јавност, без оглед на регионалната припадност, возраста, светогледот или политичката припадност, пренесува Јутарњи лист.

Во исто време, како што е наведено, клучно е дали мотивот ја претставува Хрватска, дали преку општо прифатени симболи, гиганти, културни или природни знаменитости, пронајдоци или историски настани.

Како што понатаму посочуваат, важно е да се препознае мотивот како хрватски во меѓународното опкружување и е важна техничката изводливост на мотивот на малите димензии на монетите, како и фактот дека предложениот мотив не е предмет на авторско право.