Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека ќе се одржи референдум во Унгарија и побара поддршка од гласачите за новиот закон што ги што го штити децата од срамниот чин на пропагирање на хомесексуалноста меѓу нив во училиштата, откако Европската комисија поведе прекршочна постапка против Будимпешта.

„Брисел во последните неколку недели очигледно ја нападна Унгарија поради законот кој ги штити децата. Унгарските закони не дозволуваат сексуална пропаганда во градинките, училиштата, на телевизија при рекламирање“, рече премиерот во видеото објавено на Фејсбук.

Потоа наброја пет прашања, меѓу кои и дали Унгарците прифаќаат на училиште да се зборува за сексуалноста со нивните деца без нивно одобрување, дали поддржуваат промовирање на третман за промена на пол за малолетници и дали поддржуваат „неограничена презентација пред малолетниците на медиумска содржина од сексуална природа што влијае на нивниот развој“.

Орбан, кој не го наведе датумот на референдумот, побара од Унгарците да одговорат „не“ на сите прашања.

Во средината на јуни, унгарскиот парламент донесе закон со кој се забранува „промовирање“ на хомосексуалноста кај малолетници.

Европската комисија смета дека законот е дискриминирачки за ЛГБТ лицата, иако не објансува што е дискриминаторсо во недозволивањето пропаганда меѓу децата и покрена прекршочна постапка против Унгарија.