На денешен ден во 1854 година, според некои извори 1855 г. во велешкото село Голозинци е роден Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето, чиј споменик во Скопје беше прва жртва на власта која произлезе од тн. шарена револуција во Македонија.

– За мои 100 години убив 100 предавници на организацијата. Прв го убив мојот брат, а потоа ликвидирав Tурци, србомани, гркомани, бугарски попови, грчки попови и даскали. Јас ја ослободив мис Стон откако беше платен откупот. За Македонија бев спремен секогаш да го жртвувам својот живот, изјавил Ќосето во една прилика.

Ќосето бил со идеалите на Гоце Делчев за слободна и независна Македонија.

– Јас како воен другар на Гоце Делчев и Јане Сандански го поздравувам Вашиот историски говор на Вториот конгрес на Народниот фронт, во којшто ние гледаме надеж дека наскоро ќе се исполнат идеалите на нашиот македонски народ, да живее – еднаш засекогаш, под еден покрив, вели Ќосето, кој бил познат и како Касапот.

До 16-годишна возраст Ќосето се занимавал со сточарство, заедно со двајцата браќа и двете сестри. Откако неговиот татко бил уапсен и одведен во Солун, се преселил во Велес кај својот чичко, подоцна ја почнал својата активност во борбата за слободна Македонија. Починал на 10 септември 1953 година.

Неговиот споменик што беше подигнат во Скопје беше урнат по доаѓањето на власт на гарнитурата на СДСМ.

(Подготвил: Д.Г.)