Во ниту еден момент немало криење на информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар, изјави денеска миинистерот за здравство Сашо Клековски.
– Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидејќи немаме што да криеме, рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата.
Првата службена информација за случувањата во Гостивар до Министерството за здравство е пристигната во петокот во 13 часот.
Досега, како што соопшти, имало околу 3.100 здравствени контакти од Здравстветниот дом, Општата болница, телефонски јавувања и интервенции на Брзата помош.
Првиот преглед е направен на 14 јули, а на 19 јули за првпат е забележано намалување на бројот на приеми.
Клековски соопшти дека денеска ќе заседава и Комисијата за заразни болести која ќе излезе со соодветни препораки.
Фото: принтскрин




