Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем. Кога Филипче зборува за здравство, граѓаните се сеќаваат на модуларната болница во Тетово и на 14-те живи изгорени граѓани, кои наместо да им се продолжи животот, на истите прерано им заврши поради немање на минимум технички спецификации, кои Филипче не ги испорачал, посочи пратеникот Бране Петрушевски.

Кога Филипче зборува за здравство, на граѓаните им текнува на погромот во ковид кризата, кога Македонија беше меѓу првите со најголема смртност по глава на жител.

Кога Филипче зборува за здравство, не потсетува и на провизиите кои сакаше да ги заработи преку Стабри вакцините, преку фирма која се занимаваше со продажба на тропски овошја.

Кога Филипче зборува за здравство, тој говори за аферата “Крвави тендери” кога со сила го туркаше проектот за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вреден 35 милиони евра.

Затоа Филипче е последниот кој треба да говори за начинот на тоа како треба да се води здравствениот систем, заклучи Петрушевски.