Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп проговори за синоќешниот пораз од Челзи во 29. коло од Премиер лигата.

За „црвените“ ова е петти пораз на домашен терен.

– Не можеме да кажеме дека имаме проблеми само дома. Не е проблемот „Енфилд“. Имаме поголем предизвик. Во клучните моменти не успеваме да се издигнеме, да одговориме соодветно на ситуацијата. Треба да играме подобро, да се покажеме. Мораме да ја вратиме самодовербата, бидејќи во нашата ситуација очигледно е разнишана. Имаме уште доста до крајот и не сме без шанса за четвртата позиција, изјави Клоп.

Со 43 бода од 27 натпревари, Ливерпул е седми на табелата, додека Челзи е четврти со 47 бода.