Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, одговори на прашањето за евентуален отказ од клубот.

– Нема потреба да се плашам од оставка. Јас сум тука за да бидам корисен. Не сум тука како талисман или нешто друго. Си знам во целост која е мојата задача. Исто така ми е јасно дека сè уште сум тука поради она што се случи во изминатите неколку години – не ми се допаѓа овој факт, но во голема мера морам да се потпрам на него. Точно или не, ќе дознаеме во иднина, изјави Клоп за „Дејли мејл“.

Педесет и петгодишниот фудбалер е на чело на Ливерпул од 2015 година. Договорот со клубот од „Енфилд“ му е до 2026 година.

Ливерпул е осми во Премиер лигата со 42 бода од 27 натпревари.