Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакна дека е презадоволен од синоќешното издание на неговите фудбалери, кои со триумфот на домашен терен од 2:0 над Атлетико Мадрид обезбедија пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони.

Ливерпул сега има максимален ефект. по воведните четири кола во таканаречената „група на смртта“ во која се и Милан и Порто.

– Мислам дека одигравме речиси совршен натпревар. Постигнавме голови во вистински моменти, а имавме и шанси за кои не ми е јасно како успеавме да не ги искористиме. Разбирам дека луѓето сакаа видат уште голови, но јас сум многу задоволен, изјави Клоп.