Посочувајќи дека излезот од оваа состојба е да се каже решително „НЕ“ на планираните и предложени уставни измени, им порачувам на Македонците да ги „чуваат тапиите од лозјата и од нивите“, нагласи академик Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ во својата реч при претставувањето на автобиографската трилогија на академик Божин Павловски вчера, објави весникот Нова Македонија.

– „Трилогијата на вознесот“, дваесет и четирите романи, расказите, трите тома записи и колумни и делото „Македонците отаде екваторот“ сведочат за непокорот, за спротивставувањето на разнебитувањето на Македонија и на исчезнувањето на Македонците. Македонија треба да чекори по европскиот пат – тој пат нуди сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за сите нас и за државата, но, на тој пат, ние треба да чекориме само како Македонци. Никогаш порано во историјата на Македонија за дел од центрите на политичка моќ надежта за полноправно членство во ЕУ не била поголема, но никогаш таа не направила толку многу штета како денес, вели Коцарев.

Никогаш не научивме, додава академик Коцарев, како да се откажеме од надежта, па затоа денес згаснуваат, изумираат македонскиот јазик, идентитетот, државата.

– Заради надежта за полноправно членство во ЕУ дозволивме да се избришат Македонците во Егејот и во Пиринска Македонија, дозволивме бесмислени реформи и дивеења на владејачката елита, рече академик Коцарев.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.