Дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриевска Кочовска синоќа обелодени дека во изборна година со единствена цел купување на глас повеќе, дефицитот во буџетот за првите два месеци пораснал за неверојатни 70 милиони евра.
Кочовска посочи дека не верува дека 700 милиони евра задолжување ќе бидат доволни за да се покрие буџетската дупка. Нејзините пресметки и пресметките на нејзинот кабинет укажуваат на тоа дека Македонија ќе треба најмалку да се задолжи дополнителни 1,2 милијарди евра за да ја преброди корона-кризата, задолжување кое може да достигне и до 1,7 милијарди евра нето долг.
Сега за засега таа открива дека Македонија бара 600 милиони евра во кредити, а колкава ќе биде еврообврзницата ќе зависи од буџетскиот дефицит.
Кочовска потенцираше дека сега засега никој не прави калкурација во делот на расходите, туку сите калкулации за задолжувањето се прават во однос на приходната страна на буџетот.