Сакаа длабоко да ме закопаат, но заборавија дека сум семе, порача сега веќе екс шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас преку неговиот Твитер профил, кусо по поднесената оставка, користејќи делови од песна на грчки композитор и поема на грчки поет.

– Доаѓа моментот, вели поетот, да одлучиш со кои ќе одиш и кои ќе ги напуштиш. Премиерот и низа министри на вчерашната владина седница го направија нивниот избор и јас мојот. Но, добро е да го запаметат стихот: длабоко да ме закопаат сакаа, заборавија дека сум семе.

Како што јави МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, во првиот дел цитираше стих од песна на познатиот грчки композитор, изведувач и текстописец Дионисис Савопулос (доаѓа моментот да одлучиш со кои ќе одиш и кои ќе ги напуштиш) додека пак последниот дел, стихот што треба да го запаметат, како што вели Коѕијас, е од поетот Динос Христианопулос.