Кичевчанката Доста Андоноска, којашто блиските и пријателите ја нарекуваат Доли е добитникот на Лото 7 и добивка од нешто повеќе од половина милион евра.
– Со голема радост споделуваме дека во овие моменти сме домаќини на добитничката на најновата 7-ка на ЛОТО 7, којашто беше постигната во 95 коло, со вредност од 32.921.304 денари, комбинација уплатена во продажното место Детелинка во Кичево. Добитничка е Доста Андоноска од Кичево, којашто блиските и пријателите ја нарекуваат Доли, прекрасна енергична жена, стечаен работник од Кичево пром, денес пензионерка, сопруга, мајка и баба, објавија од Државната лотарија.
Од Лотарија наведуваат дека таа ја потврдила добивката:
– Нашата добитничка дојде во просториите на Државна лотарија со електронската потврда од уплатата на нејзините среќни броеви. Добивката е потврдена, Доста е нашата 27-ма лото милионерка. Потоа е остварена средба и со генералниот директор на Државна лотарија во срдечен разговор, при што дознавме дека таа игра повеќе од 45 години, и неуморно верува во среќата, се наведува во соопштението.