Ловец-бомбардер на шпанската одбрана по грешка истрелал проектил над Естонија. Не била предизвикана никаква штета, извести весникот „Ел паис“.
Авионот бил во мисија на НАТО.
Ракетата била од вид која може да се уништи автоматски доколку се случи таква грешка, но дали тоа се случило засега не се знае. Во мисија се вклучени хеликоптери кои се во потрага по проектилот, но тоа не дало никакви резултати.
Естонската страна соопшти дека ракетата има ограничено полнење и дека евентуаната шетата може да се види само на местото на ударот. Поведена е истрага за случајот.
Балтичките земји, кои се граничат со Русија, немаат борбени авиони па за одбраната се грижат авионите на НАТО.