Освен „проповедите“ за џипови и јахти на црковни великодостојници, кога на социјалните мрежи се „проповеда“ и недолична духовитост на владика, тоа кај верниците и граѓаните предизвикува револт.
Последен пример за тоа е денешниот на владиката Пимен. Тој речиси секоја година бил во делегацијата на аудиенција кај папата по повод Св. Кирил и Методиј, а годинава не отишол.
И владикатата тоа им го соопшти на верниците и граѓаните преку Фејсбук:
– Кога ме прашувате зошто оваа година не бев во делегацијата за Рим и Ватикан, запрашајте се искрено дали вие би патувале во ист авион со човек кој може да отвори врата, напиша Пимен, владиката на МПЦ.
Алузијата е проѕирна, и врапците во Македонија слушнале и се потсмеваат со вратите и пратеникот Крсто Мукоски. Но, ваква духовитост на црковен великодостојник не доликува и покрај мноштвото лајкови што ќе ги добие за овој пост на Фејсбук. И вулгарни коментари, како што „доликува“ на социјалните мрежи.
Прости му Боже!