25 мај 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 мај.

Денеска е Св. Епифаниј Кипарски.

Епифаниј беше по род Евреин, но откако ја увиде силата на Христовата вера се крсти заедно со сестра му Калитропија. На свои 26 години се замонаши, а подоцна основа и свој манастир. Неговите подвизи, мудроста и дарот на чудотворство го прославија низ цела Палестина и Египет. Бегајќи од човечката слава тој се сретна со свети Пафнутиј, кој му прорече дека ќе биде епископ на Кипар. Така и се случи по некое време. Во неговата 60-годишна возраст беше и против негова волја избран за епископ во градот Саламина, со чија црква управуваше 55 години. Се упокои во 403 година во длабока старост.