Кого владата на СДСМ упорно штити во автобуската несреќа, прашува во денешната реакција ВМРО-ДПМНЕ за автобуската несреќа во Бугарија.

– Дали бизнисот со хероин кој го крие власта е причина за несреќата и 45 загинати патници во Бугарија? Никој во државата не одговара за сомнежите дека автобусот кој изгоре во Бугарија при што животот го загубија 45 наши сограѓани превезувал високозапаливи течности – киселини, кои се користат за производство на хероин, се вели во реакцијата.

Дали, прашува опозициската партија, тие киселини се причината поради која според очевидци на настанот силно горел автобусот, но и банкините на патот?

– Зошто автобусот 140 пати поминувал граница без дозвола? Кој дозволувал 140 пати да се поминат сите контроли? Зошто и по неколку дена од несреќата нема одговорност, ниту одговори од владата и институциите во земјава? Кој во врвот на власта го штити Беса транс? Оставки веднаш!, се вели во соопштението.