Околу 12.500 граѓани досега се фотографирале за лични документи во пунктот без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје, велат од МВР за Курир согласно податоците кои ги имаат до средата.

Екипата на Курир на терен и денеска забележа редици граѓани кои чекаа да влезат и да се фотографираат за документи.

Според информациите од МВР, дневно во пунктот се фотографираат околу 1.200 граѓани. Работното време е од 8 до 18 часот.

На отворањето на пунктот пред десет дена, министерот Оливер Спасовски истакна дека до тој момент на ниво на држава заменети се 1.050.000 патни исправи, 900.000 лични карти и 480.000 возачки дозволи.

На телефонскиот број за закажување, термин во Скопје за промена на личните документи ќе добиете во октомври идната годината.