Властите во Богота забранија одигрување на два натпревари од јужноамериканските клупски натпреварувања, Копа Либертадорес и Судамерикана, кои се на распоредот оваа недела, поради високиот број заразени со коронавирус во главниот град на Колумбија.

Според некои извори, натпреварите, најверојантно, ќе се играат во внатрешноста на Колумбија.

Колумбиската престолнина прогласи вонредна состојба поради исклучително влошената здравствена состојба во градот,, што доведе до забрана на „спортски активности, вклучувајќи ги и професионалните фудбалски натпревари“.

Двата натпревари на кои се однесува забраната се мечот од Копа Либертадорес меѓу Санта Фе и Флуминенсе, закажан за в среда, и дуелот меѓу Еквидад и Арагуа во рамки на Судамерикана, што треба да се игра в четврток