Страшо АНГЕЛОВСКИ

Иако повеќепати сум пишувал на оваа тема, чинам дека она што се случува деновиве, со понижувањето на македонските граѓани од страна на окупаторот и неговите колаборационисти, не смее да остане незабележано. А, за да знаеме што точно се случува и како треба да се одговори на понижувањата и нацистичките методи на соработниците на окупаторот, мора да направиме прецизна анализа.

Прво и најважно, она што го детерминира целото случување е фактот дека Република Македонија, после потпишување на договорот од Преспа е ОКУПИРАНА ДРЖАВА. Имено, според политичките енциклопедии,  “До окупација може да дојде и кога не се води војна, со завземање на територијата на странска држава врз основа на ДОГОВОР, а заради обезбедување на извршувањето на преземените обврски во него. Тоа е таканаречена ГАРАНТНА ОКУПАЦИЈА, која е во спротивност со современите меѓународно-правни норми.“

Во случајов, окупаторот е официјална Атина, која со помош на “меѓународната заедница“ инсталира свои колаборационисти (соработници на окупаторот), коалицијата на ДУИ и СДСМ, преку кои ја владее територијата (па дури и небото) на странската држава, Република Македонија. Врз основа на Преспанскиот договор, тие, колаборационистите, преку октроиран Устав работат на извршување на обврските преземени токму со тој договор.

Второ и не помалку важно. За да можат во целост да ја реализираат окупацијата на државава, соработниците на окупаторот, ДУИ и СДСМ донесоа ОКТРОИРАН УСТАВ. Во политичките енсиклопедии јасно пишува дека “Октроиран устав се донесува кога еден режим со едностран акт го укинува постоечкиот и сам донесува нов устав. Во политичката теорија се почесто терминот октроиран устав се користи и за устави кои на граѓаните им ги наметнуваат владеачки групи, партии или хунти, дури и тогаш кога ќе ги донесат парламенти кои на општеството му даваат фасада на парламентарна демократија, а, всушност, претставуваат марионети во рацете на тие владеачки групи.“

Трето и, можеби најважно, колаборационистите (соработниците на окупаторот) веќе пет години вршат невидена асимилација на македонскиот народ, која деновиве, би требало да заврши со последното бришење на македонското постоење, со нацистички методи дури и на одземање на основните човекови права, правото на самоидентификација и правото на неограничено движење.

МАКЕДОНЕЦОТ ОВДЕ СО ИСТА СУДБИНА КАКО ВО ЕГЕЈОТ И ПИРИНОТ

Имено, секој окупатор за да го заврши успешно процесот на асимилација на окупираниот народ, внатре во тој народ наоѓал свои соработници, колаборационистички платеници, кои бездушно ги укинувале сите права на сопствениот народ со цел негово целосно бришење од постоењето. Па така, секој кој однадвор ја окупирал Македонија низ историјата, поставувал свои “администратори“ од редот на македонските предавници кои ги завршувале највалканите работи. Секој окупатор, заедно со своите платеници, процесот на асимилација го започнувал со бришење на името и идентитетот на македонскиот народ; со промена на имињата на институциите за да се избегне секоја припадност кон македонскиот народ; ги менувал образовните програми за да се учи според потребите на окупаторот и да се менува свеста на младите генерации; ги приспособувал културните програми кон бришење на традицијата и културните вредности на македонскиот народ; ја менувал историјата според сопствените потреби и фалсификати; ги забранувал неговите вековни симболи преку кои народот се идентификувал како македонски; насилно му ги менувал постојните македонски документи за да му додели документи со окупаторска идентификација.

Значи, денес, малцинство од граѓаните во државава, кое се идентификува со вештачки северномакедонски идентитет, насилно инсталирано како колаборационистичка апартхејд група од страна на окупаторот и “меѓународната заедница“, според докажаните нацистички методи, врши асимилација на македонскиот народ, во вештачка северномакедонска нација.

Асимилација која веќе со децении, со истите нацистички методи се врши во соседните држави во кои живеат делови од македонскиот народ, со крајна цел бришење на Македонците како народ и како посебен ентитет на сопствените историски територии.

Со еден збор, денес, македонскиот народ во Република Македонија е подложен на истиот чин на окупација и асимилација на која бил подложен во време на српската и бугарската окупација на вардарскиот дел од Македонија, но и на онаа асимилација која со децении се вршела и се’ уште се врши врз делот на македонскиот народ во соседните држави. И, доколку знаете дека таму, Македонецот под закана од насилство и казна не смее да се идентификува како Македонец, денес и овде, во до пред пет години слободната македонска држава, под закана од насилство и казна, со нацистички метод на ограничување на слободата на самоидентификување и слободата на движење, Македонецот го доживува истото.

ОТПОРОТ – ЕДИНСТВЕН ОДГОВОР НА ОКУПАЦИЈА

Македонскиот народ, за среќа, знаел како да им одговори на окупаторите, но и на нивните платени соработници, колаборационистите. Во колективната меморија на македонскиот народ се’ уште се свежи сеќавањата на атентатот во Марсеј, но и на ликвидацијата на српските и бугарските колаборационисти во Македонија.

Светската историја, исто така, памети, како по завршувањето на нацистичката окупација завршуваа слугите на окупаторот во сите окупирани држави – со смртни казни и со казни на доживотен затвор.

Единствено што треба да знаеме кој е окупаторот и, со име и презиме да ги идентификуваме  неговите платени слуги, колаборационисти, а  во служба против сопствениот народ. Да не би да ни се случи да останат неказнети, или, што е уште полошо, утре задутре, да добиваат пензии како белгиските и британските нацистички колаборационисти до ден денес.

За многу години денов и напомош Свети Трифун, Светител заштитник на посаденото и на стасаното за берба. Да ни ги штити посеаното семе и родот македонски.

(авторот е претседател на МААК)