Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ

Во Македонија  порано беше – ново летенце, ново детенце. Сега, пак важи –  нов ден, ново рекетче, ама специјално… Арно ама, како што и претпоставувавме на почетокот, специјалната „какица“ ќе куртули од казната, оти многу е битна, ама најбитна. Сега, се пере таа, се пере Зокиевата влада, се перат сите. Да, неуспешно, недоквакано и сурушки, но што е тоа битно. Минува, ко и се’ во државата ни. А што мислите, чуму на Рикер и на Хан така наеднаш им текна да дојдат во земјата која пред нивните ѓурултии и не беше така северна? Ќе да перат некого. Башка ќе преповиваат, оти до гуша се во го..а. Транспарентно. Пак…

 

Во државата која некогаш се викаше Македонија си живеела една мајка. Голема мајка. Но не архетип. Повеќе буквално отколку фигуративно де.

Е, таа мајка да ти имала деца. Замислете, МАЈКА ИМАЛА ДЕЦА?!. Ама тие деца да не ти биле обични, да ти биле посебни. Специјални де, ко и мајка им најспецијална у свет. Така барем испаѓа по исказот на новопредложената и орна за супституција и’ заменичка, која по сите мизантропски и дејанија, наеднаш стана чувствителна жена, абе чиниш Самариќанка во неа се криела. Трансформер невиден, абе срцка да ти била, душа од обвинител, човекољубец невиден. Скоро, Сорос…

Неминовно, така барем заклучивме од  сведоштвото и јавно. Јеп, таа добродушната која чиниш мравка не згазнала, сега не приведувала луѓе оти имале деца?! Логично, фер, човечки. Само што нешто овде смрди, ама силно, грда реа удира…

А лажно обвинетите и затворени за 27 април, тие немаа ли? Или обвинетите за глупоштините специјални на „Т“, и тие ли немаа деца или не беа родители?

Логично – или тие не се луѓе, или пак нивните деца не се деца, нели? Друго објаснување нема. Или, сепак, има?

Аууу, да бе, ми текна. Нивните деца да не ти биле рекетари. Еурека!  Башка не биле врзани  со актуелната власт непрокопсана. Еурека 2! Итн. итн. до недоглед со „еуреките“…

За наша жал, така испаѓа, драги мои. Во државава северотопијска, заштитени мечки биле и се саде вистинските криминалци, тендераши и криминалци. А РЕКЕТАРИТЕ, тие се недопирливи, скроз. Ах, да, и оние во случајот на Мурто и Курто и тепачите. Еј, ми текна – и шверцерите на цигари. Чекај, чекај и купувачите на кокаин! На страна и најнеинвентивните апликанти во фондови за иновации. Уф, па и оние кои бараат поткуп во „Поткуп“! Да, башка и пајаковидните тепачи на полицајки. Ахааа, и пучистите кои се закануваат со „бомби“ кои сега биле незаконски… Заборавив ли некоја криминална категорија? Гарант. Слободно дополнете, списокот и онака сигурно наликува на пообемно дело на Толстој…

Не е џабе, оти, оваа владејачка каста нема мера, ама ич. Ете, сега Зоки најави дека со акциски план ќесе бореле против дезинформациите. Ууууу, јако. Сеевернокорејски манири, тамам, отворете се де. Како го нарекуваа на соц-мрежите, Цреп Јонг Ил ли беше? Епа, ај затворете ги сите што не пишуваат и кажуваат онака како што сакате. Фер, башка мошне соодветно за една инсталирана хунта, покажете се во вистинско светло де, па и онака се’ ви минува, нели.

Само, пак ли од педофили ќе станете педагози? Оти, зборуваме за истите оние кои со монтирани разговори (Нешковски и др. стотици „бомби“) и најфејк вести од медиумите „професионални“ , НВО-ата им Соросови и разни Чауши, политиковци и кој ли не направија кариера, сега ќе се борат против истото? Секоја чест!

Да, оние кои што благодарение на Кејти Џејн и СЈО дојдоа на власт, па илјадници горди фотосесии со неа и Бокија направија,  сега ќе се борат за правната држава? Оние кои ни го „зачуваа“ националното, а сега сме коса црта? Чедата лукративно-биљмески кои ни го сменија името на државата без поддршка на народот, на кои им беше доволен изим и намигнување од ридот? Оние суруши кои со уцени и закани сменија Устав? Чиј прецедник ни го продаде Гоце Делчев за да „помогнел“, а „премиер“ тврди дека сме нација која краде туѓа историја, ама нон-стоп?  Оние кои онанираа на поимот „свиркачи“, а за кои сега не постојат и криминалци станаа? Правдољупците во чии срца веќе четврта година тлее желбата за „преки“ т.е. Специјален суд, па сега и во Закон го ставаат? Гарант и нов Голи Оток е во пакетот. Па како да не им веруваш на такви луѓе, нели?

Само, една работа не ми е јасна. Неколку де. Исто како што Какица и рекетарот и’ сексуално недефиниран рекетираа човек ко Орце ( секој ден испаѓа и некој нов) и мислеа дека ќе минат без консеквенци, ме чуди и комуњарската доверба во неа и соборецот и рекетарски.

Ало, чеда антинационални, возљубени во комунистичките манири на владеење, како можевте да си дозволите таков луксуз и да не знаете дека како бавчи ве работи една цуцка појачана со еден непресметлив цреп?! Ај таа да ти била таква и онаква, па прашањата основани за IQ-то, па оценките и’, па ефектот од работата и специјална, итн. итн. итн. Ама ве извесла една таква личност, скроз, ве насанка ко задњи, црни биљмези. Ах, да, и Зоки зборуваше со Порошенко и Столтенберг , а на првиот и селфија со Меркел му праќаше и Џим Кери и Џеф Даниелс во сенка ги фрли…

Да бе, не ви е првпат. Повторувачи на делото дебилско сте, повеќекратни. Што во животот и во правото не е баш олеснителна околност.

Е сега, галеничињата замачкани и тотално укакани од „какица“, ќе ги преповива и пере „меџународната“ им дадиља. Време е, што е право,  премногу ги оставија сами и оп, тие се направија бербат. По навика. Аха,  до врат се во го..а. Дојде време за менување на пелените, оти самите не знаат. Никогаш и не знаеле, оти тие само знаат да усе..т, но не и да расчистат. Дефинитивно, крајно време е е да ги заперат и преповијат.

Ви текнува на улогата на Харви Кајтел во „Евтини приказни“ на Тарантино? Беше „чистачот“, кој откако некој ќе направи глупост, испоубие некого, остави крвови , труповии слично, се справуваше со последиците и по неговата интервенција изгледаше како ништо да не се случило.  Таков им треба, критично било на Илинденска, не се трпела реата, ни гас-маска не помагала веќе…

Да, крајно време е за „позови пријатеља“ и вртење на црвениот телефон (чиј број „Порошенко“ можеби и го искамчил од Зокија, ко Вес Мичеловиот). Не ни мора, затоа што и старателите сфатија дека е крајно време за преповивање на „унередениот“ проект и оправање на владата укакана од какици, рашковци, куртовци, шверцери, тендераши, пајаци, фондаџии, стипендаши, предавници, кокиевци, фрикиевци,  кикиевци  и редица други корисници на услугите на транспарентните (провидни) срцки од Илинденска бр. 2.

Ред е да ги средат, да заличат на владејачи малу, вака не ја бива.

Ќе се решат ли и да ги сменат можеби? Па тие најдобро знаат колку не ги бива, им дадоа се’, а тие пак ја усраа??? Тешко, не сме ние таа среќа. Фактите велат дека толку исполнителни „оком-скоком“ чеда нема на лагер, толку послушни и пожелни за соработка ликови македонска мајка не раѓа. Ви текнува, така беше и предреферендумски, оној референдум на кој народот кажа „НЕ“ за промена на името…

И сега, ќе ги операт, исповијат, преповијат и средат, уште нешто ќе одработат и сработат, ама вака до бескрај не може. Не бива.

Или, како беше онаа старата, сега новокомпонована. Кој од Катица живее, во „какица“ и се дави… Фер…