Дарко ЈАНЕВСКИ

Денеска СДСМ повторно се закани дека бојкот на пописот претставува кривично дело, што е само продолжение на серијата закани без правна, фактичка и реална основа, закани кои полека прераснуваат во терор врз населението и во иднина мора да бидат подложни на кривично санкционирање. Со цел, што би рекол Заев, во иднина никому да не му падне на памет тоа да го прави.

Вчера, пак, извесен Душко Арсовски, тоа е оној за кој беше објавено дека се обидел да цензурира кај комуњарчињата на СДСМ од Канал 5 (ете до кое дереџе паднале, сами себе да се цензурираат), во својство на портпарол на Владата ја изнесе истата невистина.

А заканата со кривично гонење за бојкот е една мизерна и бедна лага на Гебелсовата тајфа на Заев која нема врска со реалноста. Имено, фамозниот член 387 од Кривичниот законик на кој се повикуваат Владата, нејзиниот новопечен инквизитор Арсовски довлечкан од комуњарската МРТВ со вмровски директор и СДСМ, не споменува ниту „бојкот“, ниту „повикување“ на бојкот како кривично дело против „законити одлуки и мерки“ (а не против закони, но за тоа е веќе зборувано во јавноста), туку зборува за санкционирање на „организирање отпор“ и има таков наслов.

Значи делото се вика: „Организирање отпор“.

Па, на една страна имаме „бојкот“ и „повикување“ на бојкот, на другата страна го имаме Кривичниот законик кој го казнува „организирањето“ на такво нешто. Дали ви треба толкување за да ја направите разликата меѓу овие поими и за да сфатите дека СДСМ, Владата и нивниот портпарол лажат како крадец фатен при кражба? Поинаку кажано, дали организирање и повикување се едно исто?

Добро, да одиме едно по едно. Во Социјалистичка Република Македонија, во тогашниот Кривичен закон на СРМ, постоеше делото „Повикување на отпор“ (член 206, КЗ на СРМ од 1977 г).

Еве го тој член:

Делото гласеше: „Тој што повикува други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки…“, итн итн.
Сите зборови употребени во член 206 од тогашниот КЗ се идентични со сегашните од член 387 од КЗ, освен што сега „повикува“ е заменето со „организира“.

Замената е извршена во 1996 година кога е донесен првиот КЗ на Република Македонија. Зошто е направена оваа замена на зборот „повикување…“ со зборот „организирање…“ (а со тоа и на насловото и суштината на самото дело)? Затоа што има суштинска разлика меѓу нив. И затоа што една од причините е поради следното, цитирам:

„По своето објективно битие делото е блиско на непријателска пропаганда (чл. 133 од КЗ на СФРЈ)…“ (Владо Камбовски, „Кривично право, посебен дел“ од осумдесетите години на минатиот век).

Инаку, ако има некаква симболика и значење, а во КЗ редоследот и тоа како има значење, ова дело е пред делото „Ширење лажни вести“, но во иста глава од КЗ, кое во комунистичкиот КЗ постоеше и во член 208.

А делото „непријателска пропаганда“ за кое Камбовски вели дека има исто објективно битие со делото „повикување на отпор“ е дело кое однесе во затвор многу Македонци само затоа што споменале, на пример, обединување на Македонија. Со други зборови, тоа е идеолошко, комунистичко дело кое се нарекуваше и „вербален деликт“. Значи, одиш во затвор за искажан збор.

Оттука, ако објективното битие на „нашево дело“ е блиско со овој вербален деликт, тоа значи дека во 1996 г. се сметало и дека делото „повикување на отпор“ е блиско до „вербален деликт“ па е укинато како непримерно за едно општество кое барем на хартија е демократско. Односно, и тоа дело, за кое сега би казнувале овие на Заев, не е ништо друго туку обичен „вербален деликт“ за кој би се одговарало во комунизмот, но не и денес.

Оттука, отстранувањето на сите социјалистички идеолошки елементи од КЗ во 1996 година доведе и до бришење на ова дело и негова смена со „организирање отпор“. Навистина, во толкувањето на оваа одредба од 1996 година која се среќава во одредени коментари на КЗ од 1996 г., на пример кај Јован Проески, и натаму се инсистира на тоа дека поимот „организира“ во себе го опфаќа и „повикување“, но сосема е јасно дека тоа не така и дека едното и другото, колку и да толкувате екстензивно, немаат никаква блискост. Едноставно, „повикување“ е вербален исказ, а „организирање“ е дејство, акција…

Ќе се обидам тоа да го објаснам и попластично: ако „организирање“ го опфаќа и терминот „повикување“, тоа е исто како да сметате дека „убиство“ во себе го опфаќа и „нанесувањето телесна повреда“ па нема потреба ова второво да стои како посебно дело во КЗ. А постои. Зошто? Затоа што има причина, нели? Причина за која се оценило дека не постои кај делото „повикување на отпор“, па отука и повикувањето на бојкот не е и не може да биде казниво според член 387 од КЗ. Сеедно што Гебелсовата комуњарска тајфа го тврди спротивното. Бандата едноставно – лаже.

Значи, додека терминот „повикување“ е вербален исказ, терминот „организирање“ претпоставува да преземете дејство, акција, кои значат фактичка реализација на тој отпор (види подоле прилог за толкувањето на овие два поими). Обичниот повик не е тоа, инаку секој оној кој вели дека нема да ги признае резулатите од пописот, може да се подведе под ова дело и да биде кривично гонет, бидејќи непризнавањето на резултатите од пописот е исто така пружање отпор кон законита одлука на државните органи.

Чекајте малку, во КЗ пишува дека казнува за организирање отпор кон „законита одлука или мерка“? А, која е таа одлука или мерка која не е почитувана? Колку што ни е познато, повиците за бојкот се однесуваат на самиот Закон за попис, кој не е ниту „одлука“, ниту „мерка“. Ако КЗ вели дека казнува за отпор кон „мерки“ или одлуки тоа секако не се однесува и на законите. Санкцијата не можете да ја изведете ни по пат на аналогија (ако казнува за непочитување на мерки, по аналогија да казнува и за закони) бидејќи во кривичното право тоа не е дозволено. Посебно не ако одите од помалото (мерка) кон поголемото (закон). Тоа не значи дека непочитувањето на законите не е казниво, но за секоја конкретна ситуација КЗ си има и конкретни одредби. А во овој случај, таква одредба – нема!

Се на се, станува збор за тоа дека Владата, СДСМ и она портпаролче – едноставно, со лажни изјави дека член 387 се однесува на повиците за бојкот на пописот – лажат и измислуваат. Кој ги советувал дека овој член може да се примени на оваа ситуција, нека го избањаат малку во Вардар. Најдобро на она место кај Камениот мост каде истекува едно голема канализациска цевка.

Прилог
Иако во правото постојат повеќе видови толкувања, еве што вели граматичкото за термините „организирање“ и „повикување“ односно што тие значат според Толковниот речник на македонскиот јазик издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“. Дури ни со најдобра волја, едното и другото не можете да ги споите како што тоа фирмата Гебелс-Берија во Северна го прави: