Дарко ЈАНЕВСКИ

Не знам како не им е срам. Како немаат барем грам достоинство во себе, малку образ на лицето, малку почит кон овој народ. Па, така, најпрво Оливер Спасовски, а потоа и цел СДС на Северна почна да обвинува дека случајот со Вања и Панче бил политички злоупотребуван и дека изјавите на опозицијата во врска со овој случај „се најдолен вид на политиканство кои ги преземаат екстремно десничарските кругови и со кои уште еднаш ги убиваат жртвите“.

Па уште велат:

„Додека цела Македонија жали, а институциите целосно го расветлија случајот, ДПМНЕ сакаат да профитираат врз трагедија и човечките жртви. Кај ДПМНЕ и Мицкоски нема грам човечност. Имаат изопачена потреба за политизација на жртви“.

Така, дојдовме до тоа дека опозицијата уште еднаш го убива жртвите, наспроти успешната полиција која го разрешила случајот. Откако претходно цела недела не можеше да најде што се случило и каде е Панче Жежовски, случај што водеше кон убиството на Вања. И до тоа дека кај ДПМНЕ немало ниту грам човечност и имале изопачена потреба за политизација на жртвите.

Човек ги чита овие соопштенија на комуњарите и не му се верува. СДСМ најде да заборува за срам и отсуството на морал. За „најдолен вид на политиканство“ и за „ изопачена потреба за политизација на жртвите“ зборуваат тие кои на власт дојдоа врз гробот на малата Тамара (а, „министерот Смрт“ потоа им стана сојузник). Кои што несреќата на Никола Младенов ја претворија во убиство, кои ја злопоутребија смртта на Мартин Нешковски, иако Јанкуловска експресно го реши случајот, а токму нивниот Заев се ракуваше со убиецот, кои ги лажеа родителите и целата македонска јавност за четирите деца и рибарот од Смиљковско Езеро и кои тврдеа дека тероризмот во Дива Населба е наместен случај за вмровците да останат на власт.

Погледајте ги снимките од „бомбите“. Таму се Заев, Шеќеринска, Спасовски и цела комуњарска братија која денес обвинува за политиканство во убиството на Вања и Панче, за кое, да биде иронијата поголема, е осомничен нивен екс претседател на скопската организација, а кој според Алескандар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ е полициски проект со посебна задача од 2018 година па наваму.

И тие, кои го ископаа коските на Тамара, ги расфрлаа и ги влечеа по скопските улици (дали заборавивте дека во тој случај немаше обвинети откако пучистите дојдода на власт?), кои газеа врз се уште топлите трупови на децата од Смиљковско, ги лажеа родителите на децата и целата јавност дека вистината допрва ќе се откриела, тие кои дури и го повторија случајот преку една срамна одлука на Врховниот суд, а под водство на Чарлиевиот ангел, Фатиме Фетаи која денес служи за потсмев на целото Јавно обвинителство како член на едно рекетарска дружина каква што беше СЈО, во кое како од шала си делеле бонуси по стотина илјади евра, тие кои ги погазија специјалците кои загинаа во Куманово, тие, истите тие луѓе, без грам чувство, денес ве гледаат во очи и ви велат дека други правеле политиканство од еден од најгрозоморните случаи во историјата на Македонија. Кој веројатно делумно ќе бил спречен ако на време се откриеше судбината на Жежовски (но имавме Самит на ОБСЕ, нели, па кој има време при тоа да се занимава со некој старец кој исчезнал) и случај до кој веројатно воопшто немало ни да дојде да не беше целата игранка со создавање полициски проекти при предавството на Република Македонија и нејзиното преименување во Северна откако претходно беше извршен добро организиран пуч.

А токму за целите на тој пуч, беа извадени коските на Тамара, на Мартин, на децата од Смиљковско. Стоеја на прес конференции со тие коски, оддаваа минута почит, се влечеа по улиците на Скопје, го бојадисуваа градот, ја користеа смртта на овие деца, ја користеа трагедијата на нивните семејства, ги користеа чувствата на јавноста и нејзината сензитивност кон трагичната судбина на сите тие деца, само и само за да дојдат на власт и да ја исполнат нарачката за преименување на државата, а за возврат да украдат се што може да се украде од оваа земја.

И тие денес обвинуваат за политиканство, ве гледаат во очи и ве прават глупави. Ви праќаат порака дека тие се добрите, а оние другите се лошите. Дека тие се Џон Вејн, а опозицијата ја игра улогата на лошите Индијанци. Ве гледаат во очи и ви се потсмеваат. Се обидуваат да се претстават како професионалцаи на кои треба да им го дадете гласот на претстојните избори, наспроти оние другите кои, видете ви се молам, правеле политиканство само затоа што Бубевски и Спасовски имаа една прес конфереција која да не беше трагичен случајот, ќе беше оквалификувана како комична, безвредна и катастрофална. Очајно слаба која не даде одговор на низа клучни прашања.

Засега, за среќа не го обвинуваат народот за политиканство бидејќи поставува прашања. А тие се истите: зошто некој би убил киднапирано девојче ако преку него сакал да дојде до пари? Зошто експресно не бил решен случајот со Жежовски? Како тоа неговото возило безбедно се шетало по скопските улици? Кој лудак би користел возило од исчезнат човек со тело на малолетно девојче во багажникот, ризикувајќи спосема случајно да биде сопрен од сообраќајна полиција? И да не редиме понатаму. Ама сето ова било политиканство. Жити се!

Така што, после се ова, дури и да се последни на светот, СДС, Спасовски и нивните медиумски тапанари немаат никакво, ама апсолутно никакво право било кого да обвинуваат за политизирање на овој случај. Посебно што допрва треба да следи и одговорност што воопшто ова се случило, бидејќи постојат дузина докази дека осомничените извршители, ако овде постоеше правна држава, одамна не ќе беа во можност да го сторат тоа што го сторија. Така што, што би рекле Англичаните, shut the fuck up, затоа што вие немате образ, немате морал, немате достоинство, немате право да зборувате за тоа дека смрта на Вања и Панче не треба да се политизира. Напротив, секое делче од мозаикот на овој случај треба да се политизира се додека не се дојде до целата вистината. Додека не се склопат сите коцки на мозаикот, зашто тоа е и задача на опозицијата. Да ги лови грешките на власта и да ни ги соопштува. А обидите за нејзино замолкнување, како и обидите да се замолкне јавноста со вакви квалификации, е, токму тие обиди, се најдолен вид на политиканство!