По последните инфантилни експликации на Зоран Заев и татичко Димитров за референдумот и за тоа дека одлучувале само тие што гласаат, а не и тие што бојкотираат, се чини вреди да повториме и ушпте еднаш да и објасниме зошто и двајцата лажат.
Имено, Уставот на РМ и Законот за референдум не познаваат гласови против, ниту познаваат бојкот. Како и во 2004-та, иако тогаш го немавме овој закон. За нив, единствено важно е дали прашањето кое е поставено на референдумот (осумте во овој случај) добило повеќе гласови ЗА и дали имало доволна излезност.
Во случајов, потребните бројки за задоволување на двата услови ви се горе–доле познати, па ако тие не бидат остварени, референдумот не успеал и граѓаните на РМ не го одобриле прашањето, во овој случај договорот со Грција, односно целиот комплекс од неколку прашања врзани и со договорот.
Било каква друга глупост во стилот дека на референдумот имало, на пример, 500.000 „ЗА“, и дека тоа значи дека тој бил прифатен од граѓаните затоа што тие 500.000 биле повеќе од десетината илјади ПРОТИВ, било какви други кловновски експликации дека тие што останале дома не донеле одлука, само го отсликува менталниот склоп на оваа тендер/стипендија/ иновација криминална владина гарнитура која откако стави под контрола се што мрда во оваа држава, сега настојува на бесправен начин да создаде впечаток дека срамно капитулантскиот договор ќе биде прифатен на референдум.
Според оваа великоумна логика на Заев и Димитров, дури и ако излезат само петтмина на референдумот, а тројца се ЗА, тоа значи дека тој успеал. Ова се муртински финти, а ваше е дали на такви неверојатни варијации, нешто што на нормален ум не би му дошло в предвид, ќе им поверувате.
Да не зборуваме за тоа дека од тие 500 или колку илјади ливчиња веќе ќе бидат, ќе има барем 200 илјади уфрлени кои ОБСЕ и странците ќе ги покријат со нивните честитки и извештаи кои нема да вредат ни колку хартијата на кои се напишани.
Втората работа е засилениот притисок врз граѓаните во последните неколку дена да излезат на гласање, при што директните закани се упатени кон администрацијата. На претседателските избори во 2004 година, кога за Бранко Црвенковски исто така се трчаше по цензус, на луѓето им се закануваа дека ќе ги избркаат од работата ако останат дома.
Потоа, на референдумот за територијална организација им се закануваа дека ќе ги избркаат од работата ако не останат дома. Сега повотрно имаме дека им се закануваат ако не излезат на гласање. Но, власта сега има еден проблем. Ако во РМ има 120-илјадна администрација, и ако не излезат на референдумот 60.000 од нив, што ќе им прават на тие луѓе? Ништо! Премногу се. Што и можат некоја професорка во средно училиште? Што му можат на некој работник на шалтер, на лекар, на медицинска сестра…?
Не се еден или двајца, туку претпоставени 60.000 административци (и тоа со попуст – без крадење, инаку реалниот однос е еден „ЗА“ наспроти тројца „ПРОТИВ“). Сите ќе ги казнат, ќе ги разместат на други работни места, ќе ги отпуштат? Кој ќе ве услужи тогаш на шалтер, кој ќе биде болничар, од каде ќе најдеме лекари и медицински сестри, професори и наставници за училиштата? Ништо од тоа, зашто нема да остане кој да работи или поинаку кажано – не ви можат ништо. Вие кои што живеете од плата, или од вашиот бизнис, чесно, во оваа ситуација сте безбедни. Наспроти тие кои имаат крадено, кои ќе мора да се трудат камерите да ги снимат дека излегле на гласање за да може веднаш потоа или вечерта да му реферираат на шефот Заев дека го послушале неговиот интелектуално продуховен глас и излегле да го стават ливчето во кутијата. Колку да не се мачат и со нив криминалците на СДСМ и ДУИ кои ќе имаат задача да ги полнат кутиите.
Така што, не им се плашете и не ги примајте нивните закани. Зад вас се Уставот и законите, иако повикувањето на нив може да ви изгледа како не многу интелигентна комедија. Но бидете сигурни – ве има милион и неколку стотини илјади луѓе, а толкав број не можат да ги санкционираат.
Патем, ако уште имате дилема во поглед на зборовите на Заев и Димитров од почетокот на овие редови, за тоа дали вашето седење дома се брои или не, еве уште едно објаснување од 4 август оваа година. Се разбира, напишано во контекст на актуелното од тие денови: