Јованка КЕПЕСКА
Напуштајќи ги конкретните политички спротивставувања потребно е да го прифатиме предизвикот во напредокот на општеството со воведувањето на новата технолошка фаза. Онака како што и веќе сите земји во светски размери прифаќаат, дека се одвива тнр. трета фаза на технолошки развој како наша производствена и политичка ориентација.
Не велам дека наеднаш тоа би била општа трансформација кај нас која би ги напуштила останатите технолошки фази во производството: индустријализацијата и фазата на производство врз агенси, но дека е потребно да се насочиме, општествено и индивидуално.
Ако во 19 век цивилизацијата била рурална, потоа доаѓа индустријализацијата, па да заземаат енергенсите како основа на производството, актуелната промена се одвива е врз информатиката и електрониката, но и како промена на природата на трудот. Третата фаза ја карактеризира човечката дејност и трудот што се поврзани со информацијата. Паралелно се одвива и сеопшта социјална трансформација.
Во „Американскиот предизвик“ (1967) од Ж. Ж. Серван Шрајбер (1924-2006), се опишува превласта која настанува врз индустријализацијата и производството засновано врз енергенси, врз основа на која се создава американската превласт. Со завршувањето на фазата на индустријализацијата, заснована врз трошење на природните богатства, меѓутоа, се создаде мултисвет, израз употребен од Париската група, во неговата подоцнежна книга, „Светскиот предизвик“ (1980), за: Европската економска заедница, Јапонија, земјите од Југоисточна Азија и земјите од Персискиот залив.
Ваквата промена на технолошката фаза создаде притоа општа криза и изолацијата на делови од светот при што војната која се одвиваше како спротивставување на Истокот и Западот, се продлабочи и со други средства. Како последица на овие процеси развојот единствено да се поврза врз поседувањето или достапноста до нафта. Изворите на енергија почнаа да се отуѓуваат. Истовремено, натпреварот во вооружувањето го оневозможи секој обид да се воспостави рамнотежа помеѓу Северот и Југот и покрај тоа што неразвиените бараа нов светски поредок на рамноправна распределба на богатството и на сиромаштвото. Се осиромашија творечките сили на човекот.
Логично е затоа општеството да биде подготвено индустриското општество, засновано врз трошењето на природните богатства, да се промени во автоматизирано општество. Така, Жан Моне во ЕУ упатува затоа, ако фазата на индустриската експанзија е завршена тогаш се очекува да се променат методите, состојбата на духот на луѓето во целост.
Имено, мораат да се почитуваат карактеристиките на фазите на технолошкиот развој кои ги условуваат и облиците на потребната економска структура, профилот на потребниот кадар, организациските облици во стопанството, соответното право, па да се прогнозираат конкретните чинители на развојот, науката, образованието, културата, полулационата политика, социјалната политика и мноштво други.
Новата технолошка фаза покажува дека производноста зависи од комбинацијата на трудот и општеството, со внесувањето на науката. Со тоа се руши основата на производството да биде во основниот капитал и трудот како основни моменти во производството.
А тоа говори дека развојот треба да се насочи во техниката и работните постапки, постапки во организацијата на трудот и стопанското раководење со претпријатијата, кои ја менуваат положбата на човекот во производството, и го определуваат знаењето на нов начин. Да се вклучат проектирањето, истражувањата, за да може опредметеното знаење да се извршува и во контролата и во управувањето. А раководствата треба добро да се обучат за компјутери врз основниот програмски јазик.
Стварноста да станува освестено дејствување кое воедно е во мисла и реализација.
Енергијата во произведувањето на ефикасноста ја создаваат и општествените чинители, какви што се потребните трансформации за да се ослободат еланот и енергијата и развојот на индивидуата за нејзиниот придонес во развојот на општеството, меѓу кои се подразбираат политичкиот систем и правото
Логичен след на филозофските претпоставки за индивидуалноста која во себе го спојува сознанието кое, стекнато (претпоставувајќи го и постоечкото) со оглед на дејствувањето што се одвива, со законите на убавото,уметничкото.
Оттаму и грижата за претпоставките за да се овозможи ослободувањето на индивидуалниот придонес во развојот преку образованието, културата, изборот на типовите на производство, алокацијата на средствата и кадарот, популационата и демографската политика, организацијата на општеството, надворешно-политичките односи, а се претпоставени за реализацијата на националната и етничка идентификација. Може само да се претпостави колку енергија на одделните индивидуи се ослободува доколку бидат на нов нажин бидат вклучени и во производството и во општеството.




