„Унапред се извињавам ако погрешим неке речи. Причам тако југословенски есперанто, али свакако поштујем сви гледаоце и регион који следе ваш програм!“- Зоран Заев за Н1 пресинг.
Дами и господа, почнуваме со уште едно издание на Северно Медрано. Прво, да расчистиме со поимот „југословенски есперанто“. Тоа е назив за српскохрватски или хрватскосрпски јазик кој никој од народите во бивша Југославија не го прифатил за свој и официјален. Јазикот на кој зборува претседателот на Владата на сеуште неофицијалната Северна Македонија, е се’ само не српскохрватски, ама можеше да вметне и француски изрази, не знам зошто го занемари тој јазик. Важно е дека ни се извини на нас гледачите.
Со неговата добродушност и наивност кои што извираа преку неговите гестикулации и фацијални експресии, скоро и ме убеди дека сме „едно друштво“ и дека „градимо једно друштво за све“. Со стиснатата тупаница, „док се чукано и ударамо у градима нашима“, односно во неговите сега веќе северномакедонски гради вели: „Ја сам Македонац“! Седите бре љуѓе хеј, што би рекол еден наш лик од телевизија. Но, „тоа е филинг, тоа е осечај“, мислам дека не може да биде редуциран на мирни емоции!
„Изградили модел члану седам у договора што су грчки Македонци, шта су наши Македонци, шта је грчка Македонија, шта је наша Македонија, са својим традицијом, историјом, културом, језиком и све“ изјави премиерот. Што се чудите кои сме. Кои сакаме тие сме! Прво ќе не’ проверат соседите, ако може ќе бидеме! Ама битно се’ наше си имаме!
Вели: „Ми смо стварно Северна Македонија, ми смо северни дио тог региона, друга опција нам је да нападнемо Грчку, да освојимо то! Како чемо? Камењем у дваеспрвом стољечу? Ко води војну у дваеспрво стољечу на европском тло?“. И пак е во право! АРМ изгледа само камења има останато за напад или одбрана.
Следниот цитат изобилува со неговата храброст, одлучност и верба.
„Но ми смо донели одлуку, ноу медр ват (no matter what), без разлика на наша политичка кариера, донели смо одлуку, зато што смо веровали, договор је то! Ајмо, уџимо и решимо то! Европа прво нече нам допустити да уџемо са проблемом! Никад више ратова! И онда кренем и дигнем нашу македонску заставу у Брисел!“-тука сметам дека ефектот ќе беше поголем ако станеше и почнеше да пее „Денес над Македонија се раѓа“.
Водителот можеби очекуваше некаков негативен и злобен премиер на Македонија да биде пред него, па го запраша зошто Македонците го напаѓале дека ги продал и дека на Албанците им дал нова држава?
Одговорот беше секако, во рамките на мирот: „Наша заедничка цел е да отворимо наше границе“. Така е. Целосно се согласувам. Една планета Земја-едно опшество. Да живее!
Омилен момент од интервјуто ми беше кога рече дека лидерите мора да не следат нас граѓаните, да ја слушаат нашата волја.
„Граџани свакој земљи носе одлуку и њихови лидери треба да следе одлуке граџана“. Токму така! Граѓаните гласаа за него да биде претседател на Влада и гласаа на референдумот дека се согласни за Северна Македонија. Рака на срце, малцинството гласаше така, ама тој е лидер! Мора да ги следи одлуките на граѓаните, макар и на млацинството!
Не испушти ниту да и’ препорача на Република Српска да ја пушти на мира Босна и Херцеговина. Лидериште на Балканот! Верувам дека водителот во целокупната негова кариера немал поинтересно интервју каде ги искористи моќите на испрашување. Демек збунет.
Нашиот Нелсон Мандела! Нашиот кандидат за Нобелова награда за мир! Оној поради кој Британија ни отстапува место во ЕУ, за номинацијата изјави:
„Да будеш добар пример Западу изврсно је! Изврсен је осечај! Супер је номинација, то је Ок!“. Навистина, ваков претседател на Влада кој ја подарил нашата историја на соседите, светот не памети.
За делењето на нашата историја не треба да се грижиме, рече дека „чемо прогласити европско богатство, европска историја и слично на такво пажљивом начину“.
За двојазичните седници на Влада и Собрание изјави: „Еми, слушалице ставиш и причаш и онда сфатиш шта сфатиш.“ Врло добро објаснување.
Неговата дарба за јазици ја покажа и преку изјавата дека пратениците кои користат други јазици за да ги убедат другите, се практични. На тоа додаде: „Неки пут гледате и ја користим енглеских зборова зато што не постоји соодветни превод“.
И поради тоа што не постои соодветен превод од Заевиот југословенски есперанто, за малку ќе ја расипеа калимерата со Вучиќ. Српските новинари не го преведоа добро нашиот лидер, па за малку ќе настанеше ново недоразбирање со друг сосед, кој ете можеше да доведе до друг договор. Среќа, се спасивме! Замислете да сме Јужно Северна Македонија! Паралелен Универзум.
Значи, кој го испуштил лидерот да го гледа! Ова е пример за интервју каде што низ класичен југословенски есперанто се најавува и опишува (северно)македонското депресито. Али, ху керс (who cares), људи су практични.